Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас

КБ Прво ја претвора дигиталната комуникација во конкретна грижа за животната средина

Со нова акција за пошумување, КБ Прво пензиско друштво ја продолжува иницијативата што веќе шест години ги поврзува дигиталната комуникација со членовите и грижата за животната средина.

Свети Николе, 20 ноември 2026 – Во рамки на иницијативата „Замени и засади“, КБ Прво пензиско друштво, заедно со своите партнери, засади 2.500 нови садници во Свети Николе. Во акцијата учествуваа 35 волонтери, кои придонесоа за пошумување на ерозивното подрачје во Овче Поле.

Акцијата е дел од иницијативата што КБ Прво ја започна во 2021 година, со цел да ги поттикне членовите да го заменат традиционалниот зелен плик со електронски годишен извештај за својата пензиска заштеда. За секој член што ќе избере електронско известување, Друштвото засадува по едно дрво, поврзувајќи ја дигитализацијата на услугите со конкретен придонес за животната средина.

Годинашното пошумување беше реализирано со поддршка на ЈП „Национални шуми“, а во акцијата партнерски се вклучија Комерцијална банка, ТТК Банка и Шпаркасе банка. Со новите 2.500 садници, КБ Прво го продолжува пошумувањето што во изминатите години го реализираше во Кочани, Берово, Кучково и Јасен, Козјак.

Покрај еколошкиот придонес, иницијативата има за цел да поттикне и поедноставна, побрза и подиректна комуникација со членовите. Со ажурирани контактни податоци и избор на електронско известување, членовите можат навремено да ги добиваат годишните информации за состојбата на својата пензиска заштеда, без потреба од хартиена достава. Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов