Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Пензиска реформа

Пензиска реформа

Реформата во пензискиот систем во Република Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа беше неопходен во пензиското осигурување од причина што стариот – едностолбен систем во државата, организиран според принципот на “генерациска солидарност” наиде на сериозни проблеми во своето функционирање и се наметна прашање дали ќе може да опстои на начин на кој опстојуваше.

Заради целокупните социо-економски случувања во периодот на почеток на транзицијата, а и подоцна, во Република Македонија се случија големи промени во стопанството на кои не остана имун ниту пензискиот систем. Бројот на активни осигуреници во голема мера се намали, животниот век на човекот беше се подолг и сеуште се продолжува, а бројот на пензионери кои користат пензија се зголеми. Од причина што соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите се намали, принципот на тековно финансирање (сегашни осигуреници плаќаат за сегашни пензионери) почна да се соочува со сериозни проблеми.

Заради сето ова, по примерот на другите земји кои веќе воведоа реформи во пензиското осигурување, а со цел да се надминат овие состојби, Република Македонија изврши реформа на пензискиот систем, т.е. воспостави повеќестолбен систем во пензиското осигурување.

Со воведување на капитално финансираното пензиско осигурување кое радикално се разликува од постојното тековно финансирано осигурување, се очекува избалансираност на приходите и расходите на Фондот на ПИОМ на долг рок и обезбедување сигурност и заштита за сегашните и идни пензионери.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов