Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Зошто КБ прво пензиско друштво?

Зошто КБ прво пензиско друштво?

 

Што добивате со склучување договор со КБ Прво пензиско друштво, како дел од реформираниот пензиски систем?

Лична сметка, со средства кои не се користат за исплата на туѓи пензии, а се предмет на наследување. На Вашата лична сметка се евидентира и целокупниот остварен принос од инвестиции во согласност со учеството на Вашите средства во вкупните средства на Фондовите со кои управуваме.

 

Ако сте член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд–Скопје, дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 6% од бруто платата се уплаќаат на Ваша лична сметка. Тие средства не се користат за исплата на туѓи пензии, туку се Ваши лични средства што ќе ги користите како дел од пензија. Овие средства може да се предмет на наследување, што не е случај во едностолбниот систем.

 

Ако сте член на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд–Скопје, сите средства што Вие или друг ќе ги уплаќа за Вас на Вашата лична сметка се дел од Вашиот личен имот и истите не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на Друштвото, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица освен во случаи што се стриктно наведени со Законот.

 

1.Комплетен увид во состојбата на Вашите средства

Преку достава на редовни годишни извештаи за состојбата на средствата на Вашата индивидуална сметка во Задолжителниот пензиски фонд и/или Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка во Доброволниот пензиски фонд, на Ваша лична адреса, извештаи што можете да ги добиете и на Ваше барање, имате комплетен увид на средствата на Вашата лична сметка, бројот на сметководствени единици и вредноста на сметководствената единица на Фондовите.

Со дополнителната можност за on-line известување имате можност за брз, бесаплатен, современ и едноставен начин за увид во Вашата сметка во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Со on-line известувањe-то имате информации за редовноста на уплатите на Вашата сметка, бројот на сметководствени единици, крајната состојба на средствата на Вашата сметка во Фондот во кој членувате како и други податоци што се од Ваш интерес.

2.Професионално управување со Вашите средства, за  нивна сигурност и остварување на принос

Со Вашите средства управуваат стручни и искусни лица, вложувајќи ги во сигурни финансиски инструменти согласно законските прописи што овозможува сигурност и остварува принос на вложените средства и со што се создава можност за раст на идните пензии/пензиски надоместоци на членовите на Фондовите и на тој начин обезбедувајќи Ви повеќе средства за пензионерските денови.

3.Пензија од три извора, што дава поголема сигурност за пензионерските денови

 

Гледано од аспект на поединецот, реформираниот пензиски систем обезбедува поголема сигурност на тој начин што финансирањето на пензиите ќе се врши од трите столба: Фондот за ПИОМ, задолжителниот пензиски фонд од вториот столб и доброволниот пензиски столб во третиот пензиски столб што ќе овозможи дополнителни пензиски заштеди во случај на штедење на доброволна основа.

Делот од пензијата што се исплатува од првиот столб се пресметува според однапред одредена формула врз основа на висината  на платите и должината на стажот.

Вториот дел од пензијата се исплатува од задолжителна индивидуалната сметка на членот во Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво, како еден од изворите во рамките на задолжително капитално финансираното пензиско осигурување – 2 столб.

Третиот дел од пензијата се исплатува од доброволна индивидуална сметка или професионална сметка на членот во Доброволниот пензиски фонд со кој управува Друштвото, како еден од изворите во рамките на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување – 3 столб.

Со вакво комбинирање на исплатата на пензијата од трите пензиски столба, се обезбедува поголема сигурност и пензија при старост за поединецот.

 

4.Инвестирање согласно законските прописи

 

Инвестирањето на средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје се врши согласно строги законски прописи со цел остварување на највисок принос единствено во полза на членовите и пензионираните членови и преку диверзификација и финансиска анализа да се минимизира ризикот од загуби. Средствата на фондовите со кои управува Друштвото се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, а банката чувар на имот безбедно ги чува одвоено од средствата на Друштвото.

5.Големи, искусни и стабилни основачи

Стручноста, искуството, големината и реномето на основачите на КБ Прво пензиско друштво кое управува со Вашите средства, Ви даваат дополнителна гаранција и сигурност за негово успешно работење при управувањето со Фондовите.

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов