Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

КБ Прво Пензиско Друштво го финализираше вториот циклус од кампањата “Замени и засади” со засадување на 2.500 садници во Кочани

КБ Прво Пензиско Друштво го финализираше вториот циклус од кампањата “Замени и засади” со засадување на 2.500 садници во Кочани

Предизвикот наречен „Замени и засади“ на КБ Прво пензиско друштво, по втор пат го доби својот епилог, овој пат со озеленување на 1 хектар засадување на 2.500 нови садници во пределот на Кочани.

Својата мисија за зелена иднина, која се фокусира на унапредување и подобрување на животната средина, КБ Прво пензиско друштво ја започна лани преку кампањата „Замени и засади“, која има за цел да ги охрабри членовите да го заменат зелениот плик со добивање на својот годишен извештај преку електронска пошта, за што Друштвото во негово име ќе донира по едно дрво.

Клучната цел на кампањата беше и останува да се зачува природата со пошумување на региони сиромашни со дрвја.

Друштвото, секоја година кон крајот на месец Ноември ја финализира кампањата со засадување на одреден број на садници, со пошумување на различни региони низ државата.

По минатогодишната акција, каде Друштвото придонесе за пошумување на предел од 1 хектар сиромашна и сува почва во местото Пезово, Кумановско, оваа година го заврши и вториот циклус од кампањата со озеленување на 1 хектар во пределот на Кочани, местото Бели. Овојпат, Осоговскиот регион беше одбран за акцијата, како еден од најпогодените во големите шумски пожари минатото лето. Акцијата беше спроведена во соработка со ЈП „Национални шуми“ кои активно се вклучија во организацијата и засадувањето на 2.500 багреми.

„Здравата животна средина е една важна тема која претставува заеднички интерес на сите нас, нешто што сите нè засега и за што сите се грижиме. Да обезбедиме подобра иднина значи најпрво да започнеме да се грижиме за она што нè опкружува и да создадеме поквалитетни услови за она што следи. Ние во КБ Прво веруваме дека иднината е резултат на чекорите кои ги превземаме денес, дека со секоја денешна инвестиција сме чекор напред кон обезбедување на поквалитетни денови во иднина. Особено сме горди на тоа што нашите членови ja препознаваат нашата мисија и се вклучуваат во акцијата во сѐ поголем број. Секако вреди да ја споменеме и поддршката во акцијата од страна на нашата деловна мрежа на Комерцијална Банка АД Скопје и Шпаркасе Банка АД Скопје, како и нашите членови од компаниите Витаминка АД Скопје и Кожувчанка АД Скопје“ – изјавија од КБ Прво.

Друштвото останува силно посветено на активности поврзани со зачувување и унапредување на животната средина. Познато по својот фокус кон општествената одговорност и одржливиот начин на работење, минатата година како пионер во земјата, КБ Прво воведе концепт на ESG инвестирање, кое опфаќа инвестирање во инвестициски фондови што вложуваат во компании кои се грижат за опкружувањето.

Верувајќи дека секој поединец има можност да обезбеди поквалитетна иднина, КБ Прво ја продолжува својата кампања и ги повикува сите членови кои сакаат да дадат придонес кон подобра животна средина да направат промена и да се регистрираат за добивање на својот годишен извештај во електронска форма, да овозможат засадување на што поголем број на дрвја и да бидат дел од континуираната заложба кон зелена иднина.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229

Нема коментари

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР