Пазарите на капитал ја започнаа годината со пораст, но сепак соочени со голема волатилност како резултат на најавените тарифи од администрацијата на претседателот Трамп, развојот на вештачката интелигенција во Кина и инфлационите притисоци кои се присутни.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2025 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Обновените трговски тензии и развојот на геополитичките случувања ја задржаа волатилноста на пазарите на капитал која продолжи и во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2025 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Макроекономските податоци поткрепени од добрите квартални резултатати објавени од страна на голем дел од светските компании во текот на изминатиот месец, беа доволни за да продолжи оптимизмот кој преовладуваше во претходниот период и јануари да заврши со позитивен принос.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Растот на светските берзи продолжи во текот на изминатиот месец поддржан од поволните макроекономски податоци, и покрај предизвиците поврзани со стапката на инфлација и податоците за довербата на потрошувачите.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Стабилните макроекономски податоци во комбинација со позитивни очекувања за намалување на основните каматни стапки во периодот кој следи, придонесоа и овој месец пазарите на капитал во светот да остварат добри приноси.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Притисокот кој и понатаму произлегува од рестриктивната монетарна политика во светот, заедно со геополитичките тензии беа причина пазарите на капитал во текот на изминатиот месец да се соочат со пад.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за aприл 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Заживувањето на економскиот раст и мекото приземјување на инфлација кои полека може да се забележат, заедно со растот и развојот на технолошките компании, доведе до пораст на пазарите на капитал во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Акциските индекси, а пред сè американскиот S&P 500 индекс како предводник на растот на берзите ја обележа првата половина од годината, надминувајќи ги сите очекувања на финансиските аналитичари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Постепеното намалување на инфлацијата, ги надмина ефектите од негативните геополитички случувања и намалениот економски раст во некои рaзвиени држави и имаше позитивно влијание на финансиските пазари во месец јули.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Глобалните берзански индекси го заокружија ова лето со раст, достигнувајќи ги или близу до нивните највисоки вредности, но сепак предизвиците сè уште стојат исправено пред светската економија и потребна е натамошна внимателност на централните банки и владите во справувањето со истите.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Покрај многубројните препреки кои сè уште се присутни во економијата, забележително е нејзиното стабилизирање поткрепено од олеснувањето на монетарните политики на повеќето земји.
Ова придонесе берзите позитивно да го завршат и овој месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Предизвиците поврзани со економскиот раст и инфлацијата заедно со бројните неизвесности на геополитички план беа причина за надолно движење на берзите во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Претседателските избори во САД на почетокот на овој месец беа значаен фактор за движењето на светските пазари на капитал во очекување на најавените реформи во новиот мандат на Доналд Трамп.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Инфлационите притисоци и случувањата од геополитичка гледна точка продолжија да влијаат и во последниот месец од изминатата година, што доведе до пад на светските пазари на капитал. Сепак, годината се заокружи со позитивни приноси, а оптимизмот кај инвеститорите останува присутен за претстојните предизвици.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2024 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Предводени од првите сигнали за смирување на инфлациските притисоци и објавувањето на дел од финансиските резултати на светските компании – кои генерално беа подобри од очекуваното, светските берзи ја започнаа годината со релативно висока стапка на раст.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
По големиот оптимизам на почетокот од годината, во текот на февруари светските берзи се соочија со неповолни податоци околу инфлацијата што предизвика намалување на вредноста на берзанските индекси.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
И покрај волатилноста која што беше предизвикана од неколкуте неповолни случувања во банкарскиот сектор во САД и Европа, главните светски берзански индекси го завршија месецот со позитивен принос.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Позитивните финансиски резултати на глобалните технолошки компаниии за првото тримесечје од оваа година ги надвладејаа предвидувањата за можна рецесија во наредниот период и беа поттик за раст на финансиските пазари во месец април.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за април 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Неизвесноста околу преговорите за лимитот на долгот во САД и неповолните податоци за економската активност и раст на одредени земји беа причината за волатилноста на светските берзи во изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Напредокот на технолошките компании и вештачката интелигенција продолжуваат да бидат едни од главните фактори за растеж на светските берзи во текот на изминатиот период.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Деловните резултати на глобалните компании кои беа објавени во текот на месец јули и кои беа подобри од очекуваните, како и генерално позитивните движења на главните економски показатели во развиените држави, доведоа до продолжување на позитивниот тренд на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Сe уште присутната неизвесност за движењето на растот на глобалната економија и стапките на инфлација, беа причина за поголема волатилност на светските финансиски пазари во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Зголемената неизвесност за движењето на економијата предизвикана од рестриктивните монетарни политики и геополитичките тензии во светот, придонесе за ослабувањето на пазарите на капитал во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Повторниот пораст на приносот на обврзниците предизвикан главно од натамошната неизвесност на монетарната политика, заедно со случувањата на Блискиот Исток, беше причината за падот на пазарите на капитал во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Податоците за стивнување на инфлацијата и задржувањето на основните каматни стапки од страна на централните банки со тенденција за нивно намалување во следната година, придонесоа во текот на ноември пазарите на капитал да го забележат најдобриот перформанс на годишно ниво.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Оптимизмот предизвикан од смирувањето на инфлацијата кој преовладуваше во изминатиот период, продолжи и во последниот месец од 2023 година. Со тоа пазарите на капитал остварувајќи високи приноси ги затворија како месецот, така и годината која претставуваше опоравување од претходните шокови кои ја погодија светската економија.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2023 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Очекувањата за зголемување на референтните каматните стапки од страна на центалните банки како одговор на високите стапки на инфлација, доведоа до пад на пазирте на капитал и раст на приносите на обврзниците.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Почетокот на воениот конфликт, како и прекинувањето на значаен дел од економските односи помеѓу Русија и останатите економии ги зголемија ризиците и со тоа значително влијаеа на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Конфликтот во Украина кој доведе до дополнително зголемување на стапките на инфлација и нарушување на синџирот на снабдување, сеуште е во фокус на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Високата стапка на инфлација, затегањето на монетарната политика на централните банки, војната во Украина, како и новите “COVID” рестрикции во Кина, беа едни од главните факторите за поголема волатилност на финансиските пазари во текот на месец април.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за април 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Нарушувањата на глобалниот синџир на снабдување како последица на војната во Украина и Covid рестрикциите во Кина, како и затегнувањето на монетарната политика на централните банки доведе до голема волатилност во текот на месец мај.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Рекордните стапки на инфлација, геополитичките тензии и зголемената загриженост за економскиот раст на глобалната економија во следниот период доведоа до голема волатилност на финансиските пазари во текот на месец јуни.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
И покрај негативниот раст на БДП во САД за вториот квартал на 2022 година, позитивните финансиски резултати на повеќето глобални компании, како и зголемувањето на каматните стапки на централните банки во рамките на очекувањата, доведоа до раст на пазарите на капитал во текот на месец јули.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Очекувањата за инфлацијата и рестриктивната монетарна политика во наредниот период предизвикаа пад на пазарите кој се случи во текот на август, а дополнителен ефект на сето ова носи и енергетската криза за која е потешко предвидливо уште колку би ја погодила светската економија.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Најавите на централните банки во развиените економии дека во битката за справување со високите стапки на инфлација ќе продолжат со трендот на зголемување на референтните каматни стапки, надополнети со тензичната геополитичка ситуација во светот, доведоа до голема волатилност на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
По падот кој глобалните пазари на капитал го забележаа во претходните месеци, во текот на месец октомври следеше нивно стабилизирање и раст под влијание на кварталните финансиски резултати објавени од страна на компаниите и очекувањата за забавување на трендот на зголемување на референтните каматни стапки.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Најавите за намалена острина во монетарната политика на централните банки придонесоа за големиот пораст на светските пазари на капитал во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Предвидувањата за се поизвесната рецесија заедно со изјавите на ФЕД и ЕЦБ за продолжување на борбата со инфлацијата и во 2023 година, беа главните причинители за пад на светските пазари на капитал во текот на изминатиот месец.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2022 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Месец јануари го одбележа потресот на берзите кој беше резултат на постовите на социјалните медиуми (Reddit’s, WallStreetBets и сл.), предизвикувајќи остар раст на цената на акциите на некои компании, како: GameStop, AMC и BlackBerry – спротивно на стратегијата и очекувањата на големите хеџ-фондови.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јануари 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Напредокот во глобалниот процес на вакцинација против Корона вирусот и ветувањето за нови фискални и монетарни пакети за поддршка на економиите, им помогнаа на пазарите на капитал да го задржат оптимизмот и да остварат раст во месец февруари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за февруари 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас
Забрзувањето на вакцинацијата против Корона вирусот на глобално ниво и оптимизмот дека животот и економијата постепено ќе се вратат во нормала, беа дополнителен поттик за раст на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за март 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.
Високото ниво на оптимизам поддржано од позитивните квартални резултати на светските корпорации и забрзаниот процес на вакцинирање (особено во Соединетите Американски Држави и Велика Британија), доведе до остварување на значителен раст на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за месец април 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.
Високите стапки на инфлација, особено во Соединетите Американски Држави, доведоа до волатилност на финансиските пазари во месец мај. Сепак, смирувачките тонови на централните банки ги стабилизираа пазарите и го продолжија позитивниот тренд на акциските индекси.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за мај 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.
Позитивните економски индикатори и отварањето на глобалните економии резултираа со одржување на поволната клима на пазарите на капитал и дополнителен раст на акциските индекси во месец јуни.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јуни 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Глобалното економско закрепнување, придружено со поддршка од монетарните и фискалните власти од развиените земји продолжи и во месец јули. Оптимизмот на пазарите од позитвните резултите беше повремено нарушено со вестите за ширењето на позаразната Делта варијанта на „Ковид-19“ и за построгата регулација на технолошките компании во Кина. Ваквото окружување доведе до различни движења на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Брзото глобално економско закрепнување и позитивните финансиски резултати на компаниите го продолжија позитивниот тренд на пазарите на капитал и не дозволија истиот да биде прекинат од заканите за ширењето на Делта варијантата на „Ковид-19“. Ваквото оптимистичко окружување беше дополнително подржано и со изјавите на американските монетaрни власти (FED) дека нема да има нагло зголемување на каматните стапки.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Зголемувањето на приносите на обврзниците поттикнати од континуираните високи стапки на инфлација, како и зголемените ризици кои можат да влијаат на економската актвност во иднина, доведоа до зголемана нестабилност на финансиските пазари.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Добрите квартални резултати на глобалните компании го вратија оптимизмот на пазарите на капитал, а повеќето американски и европски акциски индекси достигнаа нови ценовни рекорди.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Вестите за ширењето на новата варијанта на корона вирусот – “Омикрон” ја зголеми неизвесноста за растот на светската економија, и доведе до зголемена волатилност на финансиските пазари и намалување на вредноста на глобалните акциски индекси.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Информациите дека новата варијанта на корона вирусот (“Омикрон”) и покрај тоа што е позаразна од претходните варијанти е придружена со значително послаби симпотими и може да биде почеток на крајот на пандемијата, доведоа до оптимизам на финансиските пазари и рекордни вредности на повеќе акциски индекси.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за декември 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:
Во првите шест месеци од 2020 година пазарите на капитал се карактеризираа со невидена волатилност досега. Од огромни падови во првиот квартал до рекордни растежи во вториот квартал.
Американскиот акциски индекс имаше највисок квартален пораст во последниве 20 години, додека во исто време економијата забележа рекорден пад. Одржувањето на ниски каматни стапки, како и другите фискални и монетарни стимули, придонесоа за ваквата ситуација.
Како ќе се движат пазарите во втората половина од годината? Никој не би можел да предвиди, но дефинитивно волатилноста на пазарите ќе биде присутна, а цените на акциите и порастот на економијата ќе зависат од тоа како ќе се развива пандемијата и појавата на вакцината, што се гледа како единствен спас и за населението и за економиите ширум светот.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Во јули, на пазарите на капитал дојде до привремена рамнотежа помеѓу стравот (ризик од силен втор бран, ниски приноси на обврзниците, високи валуации на акциите и високи цени на златото) и очекувањата (позитивни ефекти од повторно отворање на економијата). Но, големото прашање е: Што понатаму? Сите одговори сè уште нè водат по неизвесниот пат на вирусот. Според познавачите на вирусите, патот е многу долг за широката достапност на вакцината. Од друга страна, проекциите за пораст на економијата во следната година, според сите релевантни институции, се позитивни во очекување на ефектите од фискалните и монетарните стимули во економиите.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Жешкото лето и високите температури ги вжештија и берзите. Август по многу бројки предизвика рекорди. Американскиот индекс S&P 500 го имаше најдобриот август од 1986 година.
Цените на акциите пораснаа благодарение на раните резултати од испитувањето на вакцината за Ковид-19 и извештајот за работни места што беше подобар од очекуваното.
Од досега објавените резултати на американските компании, над 85% покажуваат поголем профит од очекувањата на аналитичарите, а особено компаниите од секторите фармација и технологија.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Во септември, информациите за зголемениот број заразени од коронавирусот во Европа, како и неизвесноста поврзана со претседателските избори во Соединетите Американски Држави доведоа до запирање на позитивниот тренд на пазарите на капитал, што траеше од март – по големиот пад на пазарите предизвикан од пандемијата со Ковид-19.
Падот на пазарите на капитал во септември доаѓа по, според многу бројки, рекордниот пораст во август, што може да се толкува и како навестување за неизвесна есен.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за септември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Зголемувањето на бројот на активни Ковид-19 случаи во Европа, неизвесностите што произлегуваат од претседателските избори во Соединетите Американски Држави, како и сè побројните анализи за можна корекција на цените на акциите на технолошките компании, доведоа до голема волатилност на финансиските пазари и намалување на вредноста на индексот на глобалниот пазар на капитал (MSCI ACWI) во текот на октомври.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за октомври 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Позитивните вести за развојот на вакцините против Ковид-19 и перцепцијата на пазарите за резултатите од претседателските избори во Соединетите Американски Држави беа поттик за позитивните движења на глобалните финансиски пазари во текот на ноември.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:
Почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 го зголеми оптимизмот кој и досега владееше кај инвеститорите, така што го продолжи позитивниот тренд на пазарите на капитал. Растот на оптимизмот во последниот месец од неизвесната 2020 година придонесе повеќе светски акциски индекси да постигнат нови ценовни рекорди.
Во прилог е месечниот извештај за пазарите за месец декември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас.